Меџити во посета на ЗД Куманово: Издадени над 20 илјади лабораториски упати, препишани 70 илјади рецепти за над 48.500 пациенти

Меџити-во-посета-на-ЗД-Куманово-Издадени-над-20-илјади.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денеска заедно со д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за РСМ го посетија Здравствен дом Куманово по повод новините во примарната здравствена заштита кои се во тек.


-Новините во примарната здравствена заштита функционираат одлично. Посебен акцент ставивме на вториот сегмент од реформата – од септември матичните лекари добија законска можност да издаваат упати за лабораторија со проширена палета анализи, што претставува големо олеснување за пациентите. Лабораториски испитувања кои се опфатени со реформата се глуциден статус за дијагностика на дијабет, липиден статус за препишување терапија за намалување на мастите, хормонски статус за дијагностика на заболувања на тироидна жлезда и протеински стaтус за следење на пациентите со дијабет. Со ова ги зголемивме дијагностичките можности и мониторирање на хроничните пациенти за петте најчести заболувања и истовремено го враќаме угледот на матичните лекари, рече министерот Меџити при посетата.

Инаку, во лабораториските услуги од ЛУ1 образецот се опфатени испитувања на глукоза (глукоза толеранс тест), гликозилиран хемоглобин, испитувања на ХДЛ и ЛДЛ холестерол, испитувања на натриум, калиум, тироксин, TSH хормон, како и протеинурија.

Од септември, годинава, се издадени 21.206 лабораториски упати, а матичните лекари од крајот на август досега имаат препишано 70 илјади рецепти за над 48.500 пациенти. Трансформацијата на примарната здравствена заштита е направена врз основа на детална анализа, со поддршка од останатите надлежни институции и во соработка со Светската здравствена организација, за што министерот изрази посебна благодарност до д-р Јохансен.

-Продолжуваме со трансформирање на здравствениот систем, во насока на модернизирање и интегрирање на услугите, за доброто на пациентите. Реформата која ја спроведуваме во ПЗЗ овозможи растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување хронична терапија. Што е најважно со оваа реформа ги заштитивме и пациентите и овозможивме да не се изложуваат на дополнителни трошоци и своите терапии и услуги ги добиваат од своите матични лекари во местото каде живеат, истакна министерот Меџити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK