(Видео) „Израел станува диктатура“ – познатиот филозоф Жижек ги налути критичарите, луѓе ја напуштија салата во знак на револт

Видео-„Израел-станува-диктатура-–-познатиот-филозоф-Жижек-ги-налути.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На отворањето на Саемот на книгата во Франкфурт, познатиот словенечки филозоф Славој Жижек зборуваше за актуелните случувања на Блискиот Исток. Меѓу другото, тој рече дека Израел е на пат да стане диктатура и дека Палестинците се доживуваат како проблем.


Од присутните се слушнаа обвинувања дека го релативизирал прашањето, а неколку гости во знак на протест за време на неговиот говор ја напуштија салата, пишува „Н1 Словенија“.

Во Франкфурт свечено беше отворен 75. Саем на книгата, каде Словенија годинава е почесен гостин. Саемот го отвори словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, која во својот говор ја истакна важноста на книгата за Словенците.

Но, нејзиниот говор остана во сенка по настапот на словенечкиот филозоф Славој Жижек, кој се појави како еден од литературните говорници. Жижек не можеше да избегне да ги коментира последните настани на Блискиот Исток. Како што рече, нема решение за Газа без книги, а Израел, како што го цитираше еврејскиот историчар и писател, Јувал Ноа Харари, е на пат да стане диктатура.

Тој исто така истакна дека Палестинците се доживуваат како проблем.

„Треба да ја погледнеме нивната ситуација, да споредиме нешто што изгледа неспоредливо“, рече тој, пренесува „Н1 Словенија“.

Жижек најпрвин пред сцената, а подоцна и директно на неа се соочи со Уве Бекер, државниот секретар за европски прашања, кој, како што пишува германски Цајт, неколку пати ја напуштал салата. Бекер го обвини Жижек дека ги релативизира злосторствата на Хамас, но филозофот ги отфрли неговите обвинувања.

„Само со читање книги можеме да станеме свесни за ситуацијата“, убеден е филозофот.

Како што додаде, тероризмот против Израел е против сите вредности за кои се залага Саемот на книгата во Франкфурт, но и одложувањето на доделувањето на наградата на палестинската авторка Аданија Шибли е против вредностите на Саемот.

Се известува дека некои гости и учесници гласно протестирале и ја напуштиле салата по говорот на Жижек, кој многумина го опишаа како непримерен. Како што напиша главниот уредник и публицист на издавачката куќа Чанкарјево Аљоша Карламов на својот профил на Х, во знак на револт излегол и градоначалникот на Франкфурт, Мајк Јозеф.

„Жижек се обидува да објасни дека не го релативизира злосторството на Хамас, дека јасно и одлучно го осудува, но не се чини дека ќе ги убеди вознемирените поединци во салата“ рече Карламов, кој говорот на Жижек го нарече храбар и неопходен.

Саемот предизвика жестока дебата уште пред официјално да ги отвори вратите. Главните организатори на настанот го откажаа доделувањето на наградата за палестинската авторка Аданија Шибли поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

Претставниците на здружението LitProm, кое и ја додели книжевната награда, во писмена изјава ја образложија одлуката со тоа што ја откажуваат наградата „поради војната што ја започна Хамас и во која страдаат милиони луѓе во Израел и Палестина.

Според нив, треба да се бара посоодветен формат и место за одржување на настанот. Како што посочуваат, авторот ќе ја добие наградата, прашање е само кога и во каква форма.

„Доделувањето на наградата никогаш не било доведено во прашање“, тврдат тие.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK