Лавров во Северна Кореја: Воената политика на САД и нивните сојузници е опасна

Лавров-во-Северна-Кореја-Воената-политика-на-САД-и-нивните.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја осуди, како што рече, „опасната“ воена политика на САД и нивните јапонски и јужнокорејски сојузници кон Северна Кореја, по разговорите во Пјонгјанг со севернокорејските лидери.



„Ние, како и нашите севернокорејски пријатели, сме сериозно загрижени поради интензивирањето на воените активности на САД, Јапонија и Јужна Кореја во регионот и политиката на Вашингтон“, рече Лавров на прес-конференција.

Според него, Американците поставуваат стратешка инфраструктура во тој регион, вклучително и „нуклеарни елементи“.

Лавров не даде дополнителни објаснувања. „Ние се спротивставуваме на ова опасно и неконструктивно однесување“, додаде тој.

Лавров, кој е во официјална посета на Северна Кореја, изјави дека Москва, Пекинг и Пјонгјанг се обидуваат „на конструктивен начин да предложат алтернативи за ескалација на тензиите во регионот“.

„Го поддржуваме воспоставувањето редовна фаза на преговори за безбедносни прашања на Корејскиот полуостров, без предуслови“, изјави Лавров за новинарите.

Според Кремљ, посетата на Лавров треба да ја подготви идната посета на Путин.

Контактите меѓу двете земји ќе продолжат, изјави денеска Лавров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK