Долга пауза го очекува Нејмар. Бразилецот се повреди настапувајќи за својата репрезентација. Бразил, во јужноамериканските квалификации, загуби од Уругвај (2:0), а Нејмар во солзи и на носилки го напушти теренот.
Од Бразил доаѓа информацијата дека Нејмар ги скинал вкрстените лигаменти на левото колено, како и менискусот и тој ќе отсуствува неколку месеци.
Претпоставката е дека опоравувањето на бразилскиот ас ќе трае меѓу седум и девет месеци.
Тешка повреда на нивната главна ѕвезда му создаде проблем и на Ал Хилал. Имаа големи планови со Нејмар, му плаќаат неверојатни суми, но оваа сезона очигледно веќе нема да го гледаат на теренот.
Оваа повреда секако ќе се одрази на Нејмар и неговата кариера, која веќе доста падна по сите случувања во Париз во претходните месеци.
На крајот поради притисок замина во Саудиска Арабија. Нејмар одигра само пет натпревари за Ал Хилал, постигна еден гол и забележа три асистенции. Со клубот има договор со 2025 година.
Foto/ EPA