Францускиот министер за внатрешни работи упати сериозни обвинувања кон Карим Бензема.
„Затворивме повеќе од 1.100 муслимански центри во земјата и во оваа прилика му се обраќам на г-дин Карим Бензема, кој одржува контакти со озлогласени личности и, како што сите знаеме со „Муслиманското братство““, рече министерот Џералд Дерманан во во живо на телевизија, упатувајќи тешки обвинувања кон еден од најдобрите фудбалери во земјата.
Овие зборови, кои може да значат и најава за истрага по враќањето на Бензема во Франција, следеа набргу откако алжирскиот фудбалер го искористи својот профил на социјалните мрежи за да го осуди израелското бомбардирање на Газа и палестинските цивили.
„Сите наши молитви се насочени кон жителите на Газа кои повторно се жртви на неправедно бомбардирање кое не поштедува ниту жени ниту деца“, напиша напаѓачот на Ал-Итихад и предизвика лавина коментари.
Поранешниот фудбалер на Расинг, Депортиво и Мајорка, Давид „Дуду“ Ауате, на неговата објава одговори со зборовите: „Ти ку… сине“.
Кои се „Муслиманските браќа“?
Станува збор за движење основано во 1928 година во Египет, во североисточниот дел на Каиро наречен Исмаилија, во близина на Суецкиот канал. Основана е од шеикот Хасан Ал-Бана, еден од духовните водачи на египетските сунити, со две краткорочни и една крајна цел – протерување на Британците и уништување на нивното влијание во Египет, преземање контрола врз земјата, а истовремено воспоставување на исламските вредности, а подоцна и обновувањето на империјата од VII век, која се протегала од Шпанија до Индонезија.
Муслиманското братство е една од најстарите исламски организации во арапскиот свет и муслиманските верници воопшто.
Оваа организација брзо се здоби со голема популарност меѓу жителите на Египет главно поради организирање на голем број хуманитарни акции и помош на најранливите слоеви на општеството, но и работа на поврзување и зајакнување на националната свест кај припадниците на средната класа.
Популарноста, влијанието и контактите на „Муслиманското братство“ брзо се проширија надвор од границите на Египет и денес тие имаат приврзаници, активисти и лидери ширум светот.
Движењето прерасна во политичка организација во Египет во 2011 година и постигна непосреден успех, вклучувајќи ја и победата на нејзиниот претставник на претседателските избори, Мохамед Морси, првиот избран претседател на Египет.
Меѓутоа, кога Морси беше сменет од власт со воен удар во 2013 година, лидерот на организацијата „Муслиманско братство“ Мохамед Бади беше уапсен, а самото движење беше забрането и прогласено за терористичко, по што истото го направија уште неколку арапски земји, вклучувајќи ја и економски најмоќната Саудиска Арабија.
Кралските семејства на Блискиот Исток отсекогаш ја сметале за закана за монархискиот поредок.
Турција, сепак, остана безбедна земја за членовите на оваа организација.