Вистинската драма се одвивала во моментот кога авионот на германскиот канцелар Олаф Шолц требало да го напушти Тел Авив.
Непосредно пред полетувањето од аеродромот Бен Гурион се огласиле сирените. Шолц веќе се качил во владиниот авион кога дошла наредбата сите патници да излезат од авионот и да легнат на подот.
„Германскиот канцелар Олаф Шолц беше евакуиран од аеродромот во Тел Авив“, информираат израелските медиуми кои објавија и видео од евакуацијата.
🇮🇱🇩🇪 ATENÇÃO: Avião com o chanceler alemão Olaf Scholz é evacuado às pressas em meio à alerta de ataque. pic.twitter.com/sCkQO8Rxsg
— Antonio Carlos (@acnr1951) October 17, 2023
Кога се огласи сирената за воздушен напад на аеродромот во Тел Авив, германскиот канцелар Олаф Шолц и неговиот тим лежеа на земја.
Станува збор за детонации од израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“, кои од небо ги соборија ракетите на Хамас. Билд наведува дека биле истрелани два противавионски проектили кои јасно се слушнале на аеродромот.
Шолц вчера го посети Израел за да изрази солидарност со таа земја по нападот на Хамас.