Две лица се убиени во белгискиот главен град Брисел, објави обвинителството.
Новинската агенција АФП објави дека наводниот напаѓач се уште е во бегство, според обвинителите.
Портпаролката на обвинителството изјави дека е отворена истрага, но не шпекулира за мотивот на напаѓачот, јавува Би-би-си.
Според белгискиот весник „Het Laatste Nieuvs“, жртвите се Швеѓани.
Фудбалската репрезентација на Шведска, игра со Белгија во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, иако не е јасно дали жртвите биле во градот за натпреварот.
„Het Laatste Nieuvs“ пренесува дека напаѓачот, кој користел автоматска пушка, побегнал од местото на злосторството.