Осимен на принудна пауза

Осимен-на-принудна-пауза.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нигерискиот фудбалер и играч на Наполи, Виктор Осимене заработи повреда на десната надколеница, објави актуелниот шампион на Италија.



Осимен се повреди во петокот на пријателскиот натпревар меѓу Нигерија и Саудиска Арабија.

Овој 24-годишен напаѓач ја напушти играта во 59. минута. Пријателскиот натпревар се одиграни во Портимао, на југот на Португалија и заврши нерешено 2:2.

Тогаш беше потврдено дека ја повредил тетивата на десното колено, но по дополнителните прегледи беше утврдена точната природа на неговата повреда.

Според италијанскиот печат, Осимен би можел да отсуствува од терените еден месец.

Осимен започна со рехабилитација во тренинг центарот на клубот“, се додава во соопштението.

Нигериецот постигна шест гола во првите осум кола од Серија А и неговото отсуство сигурно ќе се почувствува во играта на тимот на Руди Гарсија.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK