Секретаријатот на ЦЕФТА на Самитот на лидери на Берлинскиот процес повика регионалната соработка да премине од зборови на дело

Danijela Gacevic speech at Berlin Process Leaders Summit 2023
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Воспоставувањето на заеднички регионален пазар ветува зголемена трговија, економски раст, создавање на работни места, подобрување на мобилноста, напредок на инфраструктурата и поцврста регионална соработка, носејќи голема корист како за граѓаните, така и за претприемачите на Западен Балкан. На Самитот на лидери на Берлинскиот процес 2023, в.д. директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Даниела Гачевиќ ги истакна обврските кои лидерите на Западен Балкан ги презедоа во однос на регионалната соработка уште во 2020 година.

Обраќајќи се на сесијата насловена „Интегрирање на регионот во единствен пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ“, Гачевиќ рече: „Седум исклучително важни одлуки се усогласени на експертско ниво и треба да ги усвои Мешовитиот комитет на ЦЕФТА. Тие имаат потенцијал, не само да ги трансформираат нашите економии, туку и да го подобрат секојдневниот живот на нашите граѓани. Овие одлуки, кои се движат од корист за микро претпријатијата до мултинационалните компании и од одделни домаќинства до пошироката заедница, нудат раст, просперитет и проширени можности. Меѓутоа, правите добивки – опипливите поместувања кои ќе се чувствуваат во домаќинствата и на пазарите – се уште не сме ги доживеале бидејќи овие одлуки се уште чекаат на имплементација“.


Гачевиќ нагласи дека иновативните решенија во областите како што се професионалната мобилност, олеснувањето на трговијата, е-трговијата, услугите за достава на пакети меѓу страните и царинските постапки можат да се остварат само кога регионалната соработка ќе премине од зборови во опиплива акција. Ова е особено важно во моменталната состојба на растечка инфлација, која ги намалува реалните приходи, ја намалува довербата на потрошувачите и деловниот сектор, доведува до повисоки каматни стапки и ја ограничува фискалната флексибилност на владите.

Самитот на лидерите на Берлинскиот процес во 2023 година служи како можност да се сумираат напорите од минатото и да се обезбеди преглед на идните предизвици. Сите се согласија дека Заедничкиот регионален пазар (CRM) има широки социјални импликации на Западен Балкан. Затоа бара координиран и конзистентен пристап од сите клучни актери.

Тоа е особено важно бидејќи одлуките доведоа до точка каде што се исполнети сите услови за усвојување на овие документи од страна на Мешовитиот комитет, единственото тело за одлучување на ЦЕФТА. Исто така, се разговараше и за ограничените капацитети на администрациите во Западен Балкан и потенцијалните решенија.

Потсетник до сите страни беше дека Акциониот план за CRM е ускладен со стратегии, правила, стандарди и насоки на ЕУ, служејќи како пат кон интеграција во Европската унија. Дополнителен предизвик во врска со имплементацијата на овој план претставуваат и различните потреби и приоритети на сите економии. Сепак, неговата успешна реализација останува огромен јавен интерес, директно одржувајќи го социјалниот напредок.

„Иако како регион направивме многу во однос на олеснување на трговијата и создавање трговски можности, работата не е завршена. Постојаниот развој е императив за вистински да ги искористиме плодовите од овие иницијативи“, рече в.д. директор на Секретаријатот на ЦЕФТА.

ЦЕФТА останува посветена на решавање на нетарифните бариери, поедноставувањето на документацијата за стока и услуги, промоцијата на дигитализацијата на трговијата и придржувањето кон политиките и стандардите на ЕУ.

Зголемените напори за спроведување на Економскиот и Инвестицискиот план, заедно со иницијативите како што се ЦЕФТА-ТЦТ Зелените коридори, треба да го забрзаат царинењето на стоките и да го намалат времето на чекање на границите. ЦЕФТА значително придонесе за економскиот раст. Во 2022 година, трговијата со стоки порасна на 8,8 милијарди, што претставува неверојатен скок од 112% од 2014 година. Балканскиот барометар покажува дека во 2022 година, 61% од компаниите имале корист од ЦЕФТА, што е значително зголемување во споредба со 37 проценти во 2015 година.

ЦЕФТА е оптимистична дека претстојниот План за раст за Западен Балкан, кој го најави Европската комисија, ќе ги забрза овие процеси, а со тоа ќе го забрза и социоекономското усогласување на регионот со единствениот пазар на ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK