Шеснаесетгодишник е во притвор за три убиства во областа Стокхолм во текот на изминатата недела, јавува шведската „ТВ4“. Станува збор за убиство на маж во Вестберг и за двојно убиство на жени во Тулинг. Веќе е објавено дека тинејџерот е осомничен за убиство, два обиди за убиство и тешки дела со оружје.
Во петокот вечерта тој влегол во куќа во Тулинг во близина на Стокхолм каде имало две жени и неколку деца, пишува „Билд’“.
Пукал во жените, но ги оставил децата физички неповредени. Кога со такси се оддалечил од местото на злосторството, полицијата успеала да го уапси, а во автомобилот пронашла и автоматско оружје.
Полицијата и обвинителството се сигурни дека истиот напаѓач ден пред двојното убиство убил маж во куќа во Вестберг.
Исто така, се наведува дека 16-годишникот тешко повредил една жена и нејзиното бебе.
Ја застрелал младата мајка во грб додека таа со детето во раце се обидувала да трча по скалите.
Полицијата објави само неколку детали за жртвите на двојното убиство од безбедносни и истражни причини. Едната жртва имала околу 20, а другата околу 60 години. Помладата жена била студентка по право. Во слободното време им помагала на младите да се зацврстат на пазарот на трудот.
Шведска се соочува со зголемување на насилството од бандите, пишува медиумот.