Осум лица од Србија и Словенија повредени во сообраќајка во Австрија: возачот заспал, минибусот се превртел

Осум-лица-од-Србија-и-Словенија-повредени-во-сообраќајка-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Осум лица од Србија и Словенија се повредени ноќеска во тешка сообраќајна несреќа, недалеку од австрискиот град Манерсдорф.

Според пишувањата на локалните медиуми, станува збор за работници, а до несреќата најверојатно дошло кога возачот Србин (46) заспал на воланот, поради што минибусот се превртел во кружниот тек кај Оберлоисдорф.

Во несреќата повредени се пет мажи и три жени, од кои некои се здобиле со тешки телесни повреди.

Едно лице останало заробено во минибусот, поради што пожарникарите морале да го исечат возилото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK