Имобиле: Не требаше да останам во Лацио

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле, се кае што одбил богата понуда од Саудиска Арабија во летниот преоден рок.


Договорот на Имобиле со Лацио трае до јуни 2026 година, но како што стојат работите тој пред време ќе го напушти клубот.

„Размислував да заминам, но останав поради Лигата на шампионите и Италија. По веквиот старт на сезоната, особено по критиките што ги добиваме, сфатив дека некои мои потези не се доволно ценети“, изјави Имобиле.

Клубот од Рим моментално се наоѓа на 13. место на табелата во Серија А со десет бодови од осум натпревари.

Фудбалерите на Лацио се на мета на критики од навивачите поради лошите игри во италијанското првенство.

„Сето ова ме боли. Можеби ќе го напуштам клубот во јануари или на крајот на сезоната. Моето мислење сега не е исто како во јули“, заклучи Имобиле, кој за Лацио одигра 303 натпревари и постигна 198 гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK