Во серијата специјални настани за претставување на различни национални кујни, на 27 октомври, Limak Skopje Luxury Hotel организира „Грчка вечер“, за сите оние што сакаат да ги вкусат автентичните јадења на една од омилените медитерански кујни.
Менито подготвено од искусниот тим на готвачи на хотелот ги вклучува познатите грчка салата, ѕаѕики, тарама, салата од морски плодови, како и саганаки, каламари, сармички од лозов лист, папуцаки, вртена пита и халуми сирење печено во кора. Во рамки на главните јадења што ќе бидат понудени како дел од шведската маса се мусака, ќофтиња во сос од домати, суфлаки и гиро, а изборот на десерти го сочинуваат грчка баклава, парена торта и колачиња со шербет.
Освен што ќе имаат можност да уживаат во грчките специјалитети, присутните ќе се забавуваат и со настапот на „Бузуки бенд“, кој ќе го збогати целокупното искуство со репертоар на најпознатите грчки песни.
Еден од најкарактеристичните елементи на грчката кујна е маслиновото масло, кое се употребува во најголем дел од приготвените јадења. Специфичниот вкус на грчките јадења се должи на употребата на одредени зачини, како оригано, нане, копар, ким и ловор.
Грчката вечер ќе се одржи на 27 октомври со почеток во 20.30 часот во Clover ресторанот на петтиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат сите дополнителни информации