Tопспорт вo Прага, Никола Ѓуровски
Македонија загуби од Украина (2-0) и ги загуби шансите за пласман на ЕУРО 2024. Избраниците на Благоја Милевски, во Прага, не успеаја да ги искористат своите шанси, што противник од рангот на Украина знаеше како да го казни.
Селекторот Милевски е горд на своите избраници, од начинот на кој штп се спротвставиле на теренот, но е многу разочаран од резултатот.
„Мислам дека сите што беа на стадионот уживаа, затоа што двете селекции покажаа дека играат добар фудбал. И по таков примен прв гол успеавме да се вратиме. На почетокот на вториот дел направивме некои системски измени, имавме шанси кои за жал не ги искористивме, а кога нема да се искористат шансите, неминовен е поразот. Секогаш пред мечот имам план А. Ако тој не функционира, имаме план Б, план Ц. Примивме еден несреќен гол, но потоа брзо реагиравме и имавме неколку шанси за гол. Разочаран сум најмногу од резултатот. Остануваат уште два меча против Англија и Италија. Останува да играме фудбал и ќе видиме што ќе ни донесе тоа“, изјави по натпреварот Благоја Милевски.
Фото/ архива, Игор Паневски