Се разоткрива истрагата за нелегално обложување во кое се вмешани најмалку четворица фудбалери, двајца од нов се актуелни репрезентативци на Италија.
Официјално, под истрага се Николо Фаџоли (Јувентус), Николо Заниоло (Астон Вила) и Сандро Тонали (Њукасл), а против Никола Залевски (Рома).
Италијанската агенција АНСА, повикувајќи се на свои извори во истрагата, во саботата објави дека Заниоло го организирал обложувањето на онлајн платформите.
Наводно тој организирал цел обложувачки систем во кој биле Тонали, Фаџиоли и Залевски, како и уште неколку фудбалери од Серија А, чии имиња се уште се непознати за медиумите.
И тоа е само прашање на време, бидејќи информациите за овој случај продолжуваат да „протекуваат“ од час во час. Овој скандал ги засени сите останати настани во Италија.
Доколку се утврди дека Заниоло бил организатор, тој би можел да сноси многу потешки последици од другите инволвирани, особено ако сите заедно се обложувале на фудбалски натпревари.
Во Италија на професионалните спортисти им е забрането секаков вид обложување. Затоа, на фудбалерите им е строго забрането да се обложуваат на домашни фудбалски натпревари, како и на оние кои се под покровителство на УЕФА и ФИФА.
Тонали и Заниоло негирале дека се обложувале на фудбалски натпревари, двајцата во обвинителството признале дека се обложувале преку онлајн покер платформи.
Во споредба со останатиот дел од групата, Заниоло е во најтешка позиција бидејќи постои сомневање дека тој ја организирал и ја проширил обложувачката мрежа, а во сето тоа удел имала дури и неговата мајка Франческа Коста. Засега таа не е под истрага, но лесно може да се случи таа заедно со синот да се најде на обвинителна клупа.