Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од еден гол во дуелот со Украина. Првото полувреме во Прага им припадна на Украинците со 1:0.
Украина и Македонија во пресметката на стадионот на Спарта влегоа со седум бода и со императив на победа.
Во првиот дел двете репрезентации имаа по две шанси. Столе Димитриевски во 12 минута брилијантно го одбрани ударот на Довбик.
Седум минути подоцна капитенот на Македонија излезе како победник и во дуелот со Мудрик.
Украинците поведоа во 30 минута со голот на Судаков.
Македонија одговори преку Миовски во 36. и Ашковски во 37.минута не успеаја да го совладаат Трубин.
Фото/ ffm.mk