Скандалот со нелегалното обложување во Италија добива нови димензии. Според медиумите на Апенсинскиот полуостров, под истрага се 20 фудбалери и претседателот на Лече, Севери Стики Дамјани.
Засега тројца фудбалери беа на распит, станува збор за Николо Фаџоли од Јувентус, односно репрезентативците Николо Заниоло и Сандро Тонали.
Листа на играчи за кои медиумите тврдат дека се поврзани со нелегално обложување:
Јувентус
Николо Фаџоли
Федерико Гати
Леонардо Бонучи (Унион Берлин)
Милан
Сандро Тонали (Њукасл)
Алесандро Флоренци
Ромите
Николо Заниоло (Астон Вила)
Никола Залевски
Џанлука Манчини
Лацио
Николо Ровеља
Алесио Ромањоли
Матијас Закањи
Мануел Лазари
Лука Пелегрини
Интер
Николо Барела
Давиде Фратези
Раул Беланова
Кремонезе
Феликс Афена Џан
Лука Занимакија
Сасуоло
Доменико Берарди
Лече
Антонино Гало
Додека медиумите во Италија продолжуваат да шпекулираат за тоа кој и во чие име платил сериозни суми на пари, обложувајќи се главно на натпревари од Серија А, клопчето полека се расплетува и, судејќи според последните информации од Апенините, води дури и до сопствениците или претседатели на клубовите.
Една работа паѓа во очи, а тоа е дека на списокот осомничени за нелегално коцкање се италијански фудбалери, а повеќето од нив биле репрезентативци. Сите се соочуваат со повеќегодишна суспензија.
Фудбалерот на Јувентус, Фаџоли, наводно должи 70.000 евра на нелегална „кладилница“.
Поранешниот фудбалер на Рома, Заниоло, би можел да настрада многу повеќе од другите, бидејќи како играч на римскиот клуб типувал на натпреварите на кои настапувал.
Медиумите веќе шпекулираат дека Астон Вила нема да го откупи договорот на Заниоло, иако тој како играч покажа дека е класа и дека може да игра вво Премиер лигата, додека Англичаните на големо шпекулираат дали Њукасл има право да го тужи скапо платеното засилување од Милан, Тонали, доколку се докаже дека бил дел од оваа организирана група спортисти „навлечени“ на обложување.
Навивачите се зачудени бидејќи им е јасно дека се работи за фудбалери кои во најголем дел заработуваат огромни суми и не треба да размислуваат за егзистенцијата, а сепак својата кариера и чест ја доведуваат во прашање не само со обложување, туку и соу споделување информации за тоа со колегите од репрезентацијата и ривалите од другите клубови.