Соединетите Американски Држави (САД) „мора да го контролираат Израел“ доколку сакаат да избегнат војна во регионот, изјави шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир-Абдолахиан за време на посетата на Бејрут.
„Америка сака да му дозволи на Израел да ја уништи Газа и тоа е голема грешка. Ако Американците сакаат да спречат војна во регионот, мора да го контролираат Израел“, изјави иранскиот министер за новинарите.
„Ако не се запрат израелските злосторства, не знаеме што ќе се случи“, предупреди тој.
Министерот рече и дека „безбедноста и мирот во Либан се важни за Иран“, во време кога постои страв дека либанскиот Хезболах, сојузник на Иран, отвора нов фронт против Израел.