Ноќеска околу 5 часот и 5 минути на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 56-годишниот В.Д. од гостиварско Тумчевиште затоа што го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон нив додека вршеле службени дејствија, извести СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.