Капитенот на Шкотска, Енди Робертсон, заработи тешка повреда на рамото за време на квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Шпанија.
Шкотска беше поразена со 2:0 од Шпанија во Севилја, но тоа не е единствената лоша вест за островјаните.
Капитенот на тимот мораше да го напушти теренот пред крајот на првото полувреме по еден воздушен дуел со шпанскиот голман Унаи Симон.
Левиот бек на Ливерпул го напушти теренот со болна гримаса на лицето.
Робертсон во 44. минута беше заменет со Нејтан Патерсон од Евертон, а Шкотска беше поразена на крајот од натпреварот со головите на Мората и Сансет.
🚨🤕| Andy Robertson has gone off injured for Scotland against Spain. pic.twitter.com/DbweHis387
— CentreGoals. (@centregoals) October 12, 2023
Се очекува Робертсон да го пропушти следниот пријателски натпревар на репрезентацијата против Франција во Лил во вторник, а веројатно ќе го пропушти и претстојното градско дерби во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Евертон на 21 октомври на „Енфилд“.
На Шкотска и требаше бод од натпреварот против Шпанија за да избори пласман на ЕП 2024. Тие се уште се први во групата А. Следниот квалификациски натпревар го играат на 16 ноември во Грузија.