Путин: Политиката на САД на Блискиот Исток очигледно пропадна, територијата на која живеат Палестинците историски е нивна

Путин-Политиката-на-САД-на-Блискиот-Исток-очигледно-пропадна-територијата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека политиката на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток доживеала колапс.


„Очигледно е неуспех. Зошто мислам така? Затоа што САД практично отстапија од претходните меѓународни инструменти за решавање на тој проблем. Во тие инструменти беа вклучени неколку земји, меѓу кои и Русија. Тие практично го монополизираа процесот на решавање на тој проблем“, изјави рускиот лидер за телевизијата „Русија 24“.

Путин посочи и дека мора да се избегне ширење на конфликтот на Блискиот Исток, бидејќи тоа може да има последици за целиот свет.

„Секако, потребно е по секоја цена да се избегне ширењето на конфликтот, бидејќи, доколку тоа се случи, тоа ќе влијае на меѓународната ситуација во целина, не само на регионот“, рече Путин.

Тој исто така кажа дека повикувањето на Палестинците да одат во Египет не е нешто што може да доведе до мир.

„Тешко е да се даде каква било оценка. Територијата на која живеат Палестинците е историски нивна земја. Згора на тоа, таму требаше да се формира независна палестинска држава“, изјави рускиот лидер за телевизијата „Русија 24“.

Тој смета дека е можно да се обнови работата на „Блискоисточниот квартет“ (ЕУ, Русија, САД, ОН) во врска со решавањето на палестинско-израелскиот конфликт. Истовремено, додава дека Русија може да придонесе за решавање на палестинско-израелскиот конфликт

„Зошто да не. Имаме стабилни деловни односи со Израел, пријателски односи со Палестина кои траат со децении. А Русија, според мене, исто така би можела да придонесе во процесот на решавање на кризата. Сепак…“, изјави Путин.

Путин ги повика сите да се воздржат од остри изјави и навреда на чувствата на луѓето вклучени во конфликтот на Блискиот Исток.

„Тоа е сложено прашање, многу чувствително, но во овој момент, се разбира, потребно е да се воздржиме од остри изјави и, без разлика на се, не треба да се навредуваат чувствата на луѓето вклучени во конфликтот“, рече Путин.

Нагласи дека е неопходно да се избегнат загуби меѓу цивилите.

„Сите дејствија, ако веќе не можеа да се избегнат, мора да бидат селективни, заканите и загубите меѓу жените, децата и старите луѓе кои не се виновни за ништо, мора да се минимизираат што е можно повеќе“, нагласи Путин.

Претходно медиумите објавија дека израелската армија наводно ги советувала Палестинците да го напуштат Појасот Газа и да заминат во Египет. Во исто време, прес-службата на израелските одбранбени сили појасни дека не ги повикале жителите на Газа да заминат во Египет, туку ги посочиле поединечните зони односно кои се зоните кои треба да ги напуштат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK