Руските власти на Крим го ставија на аукција претходно „национализираниот“ стан на сопругата на украинскиот претседател Олена Зеленска во Јалта, проценувајќи го на 24,6 милиони рубљи (околу 2,5 милиони евра).
Известувањето е објавено на руската веб-страница „ГИС Торги“, пренесува „Укринформ“, повикувајќи се на руските медиуми.
„Предмет на лицитацијата е имотот лоциран на адреса Крим, Јалта, стан 501, со вкупна почетна минимална вредност од 24.642.490 рубли“, се наведува во соопштението.
Пријавите за наддавање се затвораат на 26 октомври, а самата аукција ќе се одржи на 30 октомври, според медиумот.
Претходно беше објавено дека Русите решиле да изградат „музеј на борбата против нацизмот“ во станот на семејството на претседателот Володимир Зеленски на Крим.