Ковачевски: СДСМ ќе победи на претседателските избори и ќе ја формира идната европска влада

Ковачевски-СДСМ-ќе-победи-на-претседателските-избори-и-ќе-ја.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира иднината европска Влада, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на традиционалниот пикник по повод 11 Октомври во Куманово.



„Ќе успееме заедно. Затоа што се работи за најважното, иднината на нашата убава татковина. Северна Македонија ќе биде европска држава. Блокадите ќе бидат поразени. Затоа што никој не сака неизвесност, изолација и економска стагнација“, кажа Ковачевски.

Граѓаните, додава тој, сакаат економски напредок, повисоки плати, подобар живот во европска држава.

„Затоа ќе победиме. СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира иднината европска Влада. А потоа и градоначалник од редовите на СДСМ ќе биде домаќин на одбележувањето на 11 Октомври овде во Куманово“, порача Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK