Претрес во Куманово, пронајдено оружје и муниција

Претрес-во-Куманово-пронајдено-оружје-и-муниција.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Х.(36) од Куманово.


При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7.62 мм со 13 куршуми, еден сигнален пиштол со седум куршуми и една кутија со 34 куршуми различен калибар.

Е.Х. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK