Веќе постојат јасни докази за воени злосторства извршени од двете страни, вклучително и убиства на цивили, соопшти комисијата на ОН за следење на конфликтот.
Сите оние кои го прекршиле меѓународното хуманитарно право или нападнале цивили мора да одговараат, додаде комисијата.
„Извештаите дека вооружените групи од Газа убиле стотици невооружени цивили се одвратни и не можат да се толерираат. Земањето цивилни заложници и користењето цивили како жив штит се воени злосторства“, велат тие.
Комисијата, исто така, додаде дека е „сериозно загрижена поради последниот израелски напад врз Газа и израелската најава за целосна опсада на Газа што вклучува одбивање на вода, храна, струја и гориво, што несомнено ќе чини цивилни животи“.
Во саботата, палестинското движење Хамас изврши брз напад врз Израел од Газа со ракети, инфилтрирајќи ги неговите борци на југот на Израел каде што убиваа и земаа заложници, вклучително и странски државјани.