Израел започнува воена операција во Газа, цел ќе бидат Хамас и Исламски џихад, но и цивили

Израел-започнува-воена-операција-во-Газа-цел-ќе-бидат-Хамас.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кога Израел ќе започне воена операција во Газа, цел ќе бидат Хамас и Исламски џихад, но, густината на населението е таква што неизбежно е да бидат погодени и цивили.


Дописникот на Скај њуз за Блискиот Исток, Алистер Бункал, разговараше со извор од израелските одбранбени сили (ИДФ) за претстојната офанзива во Газа, дом на голем број палестински цивили и дом на Хамас, исламистичката терористичка организација која го изврши најголемиот напад за Израел од војната во Јом Кипур.

Дописникот на Скај њуз истакна дека кога Израел ќе започне воена операција во Газа, цел ќе бидат Хамас и Исламски џихад, како и цивили.

„Извор од ИДФ ми кажа утрово – и тоа беа неговите точни зборови – нема да биде чисто“, пишува Бункал, додавајќи дека кога ќе се земат предвид другите фактори, како што е целосната блокада што Израел ја објави вчера, која вклучува прекин на снабдувањето со вода, храна, гориво и електрична енергија, ситуацијата во Газа може да стане многу, многу лоша.

Израелскиот извор додаде дека некои од водечките луѓе на Хамас воопшто не се во Газа, а конкретно го спомена Исмаил Ханије, кој моментално се наоѓа во Катар. Сето ова, наведува тој, претставува само еден од предизвиците со кои ќе се соочат Израелците во периодот на претстојната офанзива.

Портпаролот на ИДФ, Ричард Хехт, претходно денеска изјави дека Израел гради „инфраструктура за идни операции“ и дека 35 баталјони се распоредени на границата со Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK