Од партијата ВМРО-ДПМНЕ велат дека заради неспособниот премиер Димитар Ковачевски Македонија има пад на реалната плата и зголемување на трошоците за живот.
„Во 2022 година реалната плата паднала за 5%. Оваа година во септември во однос на септември лани трошоците на живот се зголемени за 6.6%, а цените на мало за 4.7%. Со СДС платите се намалуваат, а трошоците за живот растат. На Ковачевски не му е доволно што народот го донесе до раб на сиромаштија, па по падот на платите и зголемените трошоци за живот, го зголеми ДДВ за над 1.000 производи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив дд овој месец трошоците за живот ќе бидат уште поголеми и трајно зголемени.
„Тоа е заради Ковачевски кој буџетот кој оваа власт го краде сака да го полни од зголемен данок кон крајните потрошувачи – граѓаните кои земаат бебешка храна, сирења, кашкавали и други основни намирници. Одамна власта изгуби допир со реалноста, време е да се изгуби од Илинденска. Промените се нужност“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.