Легендарниот бенд ЕјСи/ДиСи се врати на сцената овој месец по седум години.
Култните рокери настапија на фестивалот „Пауер трип“во Калифорнија, каде ги слушаа 80.000 луѓе.
„Колку е ова кул!“, ѝ се обрати на публиката Брајан Џонсон, фронтменот кој мораше да се пензионира во 2016 година поради проблеми со слухот. Облечен како и секогаш во црни фармерки и црна маичка, неколку секунди пред почетокот гледаше призор кој само пред неколку години мислеше дека никогаш повеќе нема да го види.
И тогаш почна Back in Black, а атмосферата експлодираше. На истиот фестивал настапија и „Металика“, Ганс ен роузис“, „Џудас прист“,„Ајрон мејден“ и „Тул“.
Членовите на бендот не открија дали ова значи дека се враќаат на редовните настапи. За потсетување, во 2017 година почина нивниот гитарист Малколм Јанг, а на фестивалот го замени неговиот внук Стиви Јанг.