САД веќе почнаа да испраќаат муниција и воена опрема во Израел, соопшти синоќа Белата куќа, додавајќи дека Пентагон ги прегледува своите резерви за да види што друго може брзо да испрати за да го зајакне својот сојузник во војната со Хамас.
Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност, синоќа потврди дека првата пратка воена помош по насилниот напад на милитантите на Хамас заминала за Израел. Пратката дојде додека претседателот, Џо Бајден, се подготвуваше да ги даде своите први официјални изјави за нападите од Белата куќа, откако потврди дека најмалку 11 Американци биле убиени во насилството во текот на викендот.
„Очекуваме дека ќе има дополнителни барања за безбедносна помош за Израел додека тие продолжуваат да трошат муниција во оваа борба“, рече Кирби.
„Ние ќе останеме во чекор со нив, осигурувајќи се дека ќе ги задоволиме нивните потреби најдобро што можеме и што е можно побрзо“, додаде тој,