Бекам би можел да се врати во Манчестер јунајтед

Бекам-би-можел-да-се-врати-во-Манчестер-јунајтед.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дејвид Бекам, поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед би можел да се врати на „Олд Трафорд“. Медиумите тврдат дека тој би бил амбасадор на клубот. За да се оствари овој план потребно е Шеикот Јасим од Катар да го купи клубот од семејството Глејзер.


Како што пренесуваат островските медиуми, шеикот Јасим, кој ја испрати последната понуда во мај, не се откажува од намерата да купи сто отсто од акциите на клубот.

Бекам минатиот викенд беше во Катар, на трката за Големата награда на Катар во Формула 1.

Во таа прилика тој на одговараше и на новинарски прашања поврзани со Манчестер јунајтед, а дел од одговорите беа многу интересни.

„Ние сме, ако не најголемиот, тогаш еден од најголемите клубови во светот. Сакаме стабилност. Тоа е најважно. Сите ние имаме свои фаворити кога станува збор за тоа кој треба да го води нашиот клуб и да му го врати таму каде што припаѓа. Во нашите очи, во очите на навивачите, ние сме први. Сакаме да се вратиме на врвот и верувам дека ги познавам вистинските луѓе да го направат тоа. Ќе видиме!“, одговори Бекам на прашањето на новинарот на „Скај спорт“.

Од друга страна, конкурентот на Шеикот Јасим, Сер Џим Ретклиф, се обидува на друг начин да се „инфилтрира“ во клубот.

Тој планира да понуди купување на 25 отсто од акциите, што на семејството Глејзер ќе му донесе 1,5 милијарди фунти.

Тоа секако не би им се допаднало на навивачите кои сакаат американските газди целосно да го напуштат клубот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK