Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека извештајот со кој предупредува египетскиот разузнавач Абас Камел за „невообичаена, ужасна операција“ десет дена пред нападот на Хамас е „целосно лажна вест“.
Како што се наведува, премиерот „не разговарал, ниту се сретнал со Камел од формирањето на владата – ниту тајно, ниту директно“.
„Тоа е целосно лажна вест“, се вели во соопштението.
Претходно беше објавено дека неименуван египетски разузнавач изјавил дека неговата земја, која често посредувала меѓу Израел и Хамас, постојано предупредувала за заканите од Газа, односно за „нешто големо“ и дека израелските власти ги минимизирале тие закани. Тие, тврди неименуваниот функционер, се фокусирале на друга палестинска територија, окупираниот Западен Брег, објавија израелските медиуми.
Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху е составена од приврзаници на еврејските доселеници на Западниот Брег кои побараа сузбивање на палестинските екстремисти поради зголеменото насилство во изминатите 18 месеци.
„Ги предупредивме дека наскоро доаѓа експлозија на ситуацијата и дека ќе биде голема, но тие ги потценија таквите предупредувања“, рече тој функционер.
Исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Појасот Газа, изврши ненадеен напад врз Израел во саботата рано наутро.