Обновен авиосообраќајот на аеродромот во Хамбург, по заканите за напад

Обновен-авиосообраќајот-на-аеродромот-во-Хамбург-по-заканите-за-напад.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Хамбург е обновен, изјави портпаролот на аеродромот, по денешната полициска операција спроведена како одговор на закана за авион од Техеран, поради што беа прекинати летовите од тој аеродром.



Федералната полиција ја примила заканата преку е-пошта. Заканата била насочена кон патнички авион кој полетал од иранскиот главен град Техеран до Хамбург.

Во авионот кој слетал околу 12:20 часот имало 198 патници и 16 членови на екипажот. Авионот бил паркиран на безбедно место и таму бил прегледан, додека патниците биле однесени на посебен излез. Тие и нивниот багаж биле претресени.

Федералната полиција беше распоредена со голем контингент, а заканата се сметаше за сериозна.

Поради операцијата, летовите беа прекинати, а немаше полетувања и слетувања од 12:40 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK