Имаме контакт со 50 македонски граѓани во Израел, но бројката е поголема, работиме на нивно извлекување, вели Ковачевски

Имаме-контакт-со-50-македонски-граѓани-во-Израел-но-бројката.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека поминал тешка непроспиена ноќ и тој и сите во Амбасадата во Тел Авив и кризниот штаб во Министерството за надворешни работи, по нападите во Израел.


„Мојот кабинет контактира со земјите соседи и со другите партнерски земји кои имаат авиокомпании кои можат да слетуваат на аеродромите или во Израел или во околните држави“, рече тој.

Потврди дека дел од нашите граѓани кои беа во Израел се веќе вратени дома.

„Контактите со другите наши граѓани кои се таму продолжуваат. Имаме дел од граѓаните кои се лоцирани, тие се 50-ина, но и некои со кои не е стапено во контакт и на тоа се работи во моментов. Се работи на нивно извлекување од Израел и безбедно враќање дома. Досега имаме воспоставено контакт со 50 наши граѓани, но бројката се зголемува бидејќи таму има и студенти, како и градежни работници кои работат“, нагласи Ковачевски.

Според него, во Амбасадата во Тел Авив деноноќно се работи на воспоставување контакт со граѓаните и како што рече ќе биде направено сè што е потребно за секој граѓанин да биде на безбедно и да може да се врати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK