Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 16 часот и 45 минути, на улица „Кузман Јосифоски-Питу“ во Тетово, го лишиле од слобода 33-годишниот М.Т. од Скопје, кој бил пријавен од неговата 33-годишна сопруга, а која времено престојувала кај нејзините родители во Тетово, дека околу 16 часот се однесувал агресивно кон неа и дека и се заканувал, извести СВР Тетово.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.