(Видео) Хамас му ги киднапираше сопругата и двете ќерки: „Ми се јави, рече дека во куќата има терористи“

Видео-Хамас-му-ги-киднапираше-сопругата-и-двете-ќерки-„Ми.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стотици шокирани Израелци вчера ја контактирале полицијата со надеж дека ќе ја откријат судбината на најблиските изгубени во пресрет на масовната палестинска инфилтрација од Појасот Газа, пишува Ројтерс. Покрај стотиците загинати, во Појасот Газа беа однесени и околу стотина луѓе.


Една мајка разговарала со Ројтерс откако дала примерок од ДНК и предала четка за чешлање од нејзиниот син, кој бил на фестивалот, на кој упаднаа вооружени лица на Хамас. Таа одби да го каже своето име.

„Последниот пат кога слушнавме со него, тој се јавуваше од автомобилот. Тој рече дека се обидува да побегне и дека пукале во него. Правам се што можам за да дознаам што се случило”, рекла таа.

Јони Ашер, кој се вратил во својот дом во централен Израел по безброј обиди да добие помош од властите, рече дека неговата сопруга била во посета на нејзината мајка во заедницата Нир Оз во близина на границата со нивните две мали ќерки кога Хамас го нападнал. „Таа ми кажа дека терористите биле во куќата“, вели тој.

Тој подоцна го пронашол нејзиниот мобилен телефон преку сметка на Гугл. Локацијата на мобилниот телефон беше Кан Јунис, град во Газа. Потоа видел снимка која стана вирална на социјалните мрежи од нивно одведување во Газа.

„Дефинитивно ги идентификував мојата сопруга, моите две ќерки и мајка и во некој вид автомобил, со терористите на Хамас насекаде околу нив“, рече тој.

„Моите две девојчиња, тие се само бебиња, немаат ни 5 и 3 години… Не знам ништо за нивното заробување. Не знам што се случи со нив“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK