Шок во Барселона: Судијата не оштети, голот на Феликс е регуларен

Шок-во-Барселона-Судијата-не-оштети-голот-на-Феликс-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Барселона синоќа не успеа да победи на гостувањето во Гранада. Актуелниот шампион, против еден од најлошите тимови во Примера одигра 2:2, откако по 29.минути игра губеше со 2:0.



Барселона трет пат оваа сезона не успеа да победи, одигра неешено со Хетафе, Мајорка и Гранада. Два пати во овие три натпревари главен судија беше Сезар Сото Градо. Овој судија стана омразен лик во Барселона.

На отворањето на новата сезона, во Мадрид против Хетафе, Градо ги искучи Рафиња и тренерот Чави, а синоќа во 94.минута го поништи голот на Жоао Феликс за 2:3.

„Четвртиот судија најпрвин ми кажа дека голот е поништен, бидејќи Феран ја допрел топката, но тоа не беше така. Во ред, Феран влијаеше на играта, но не знам чија. На кого влијаеше? Не разбирам“, изјави Чави и додаде:

„Не влијае на играта, бидејќи топката помина на два метри од Феран. Топката отиде до втората статива, Феран не влијаеше на играта. Го поништи голот, а мораше да го признае“, изјави тренерот Чави по натпреварот во Гранада.

Со овој кикс Барселона падна на третото место со три бода помалку од водечкиот Реал, а доколку Атлетико победи на натпреварот кој е одложен ќе падне и на четвртата позиција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK