Програмската агенда на КИЦ Битола, втора недела во знакот на 32-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика, „Интерфест“ 2023 година.
Почнувајќи од вечерва, во организација на Македонското научно друштво од Битола, тематска вечер насловена како; „Интерфест три децениски културен белег на Битола“.
Веќе на 10. октомври, концерт на Луиџи Санто – труба и Даниела Џентиле – пијано. Четвртокот е резервиран за Свеченото затворање на Интерфест 2023, со настап на Гернот Винишховер – виолина, Австрија, Денис Јаврорскиј-пијано, Украина.