Отворање на изложба на фотографии на Ерина Богоева во МКЦ

Отворање-на-изложба-на-фотографии-на-Ерина-Богоева-во-МКЦ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вечерва во 20 часот во Галеријата 2 на Младинскиот културен центар ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов “Македонските архитектурални скулптури” од Ерина Богоева.



По долги години истражување и фотографирање на архитектурата од втората половина на ХХвек во Скопје, во 2017та година, Ерина ја посветува својата последна изложба „Затемнетиот Град“ токму на таа тема, а во 2018 година со иста инспирација ја издава и монографијата „Скопје-архитектурата како фотографска скулптура“.

Непобитен факт е дека монументалистичката архитектура е присутна не само во главниот град туку и низ целата држава и таа досега ретко била предмет на истражување, фотографирање и презентирање. Истата, во Скопје и во останатите градови е често занемарена, оставена на маргините и пропаста. Амбивалетниот однос кон тие (веќе историски) времиња, влијаат врз фактот на неможноста да се постигне одвојување на убавината на градбите од политичкиот и историскиот контекст на времето во кое што се создавани. Преку фотографијата, Ерина ја прикажува оваа архитектура во целосната нејзина скулптуралност, комплетно извадена од временскиот и просторниот контекст.

Изложбата е поддржана од Министерството за Култура на Република Северна Македонија и Младинскиот Културен Центар и е од продажен карактер и е од продажен карактер.

Ерина Богоева е родена на 02.07.1988 во Скопје. Нејзините почетоци во уметноста и поконкретно во фотографијата се поврзани со програмата на Меѓународната матура, во склоп на средното образование во гимназијата „Јосип Броз- Тито“ во Скопје. Таа е самоук фотограф и активно се занимава со фотографија од 2007. Во октомври 2021 година, Ерина ја има својата петта самостојна изложба „Мистеријата зад Женскиод поглед“ поддржана од Europe House Skopje, по што се одржува и дискусија инспирирана од изложбата, а посветена на жените во креативните индустрии во нашата земја. Истата година, во ноември Ерина е дел од фотографската изложба на модното списание Vogue во Милано, преку VID фондацијата.

Изложба ќе биде отворена за посетителите до 15 октомври 2023.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK