Страшни снимки покажуваат како членови на Хамас пукаат во луѓе од непосредна близина на музичкиот фестивал

Страшни-снимки-покажуваат-како-членови-на-Хамас-пукаат-во-луѓе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Милитантите на Хамас кои нападнаа музички фестивал во јужен Израел во саботата пукаа и убиваа луѓе од непосредна близина, а потоа ги ограбија, според снимките од надзорните камери потврдени и геолоцирани од Си-ен-ен. Нејасно е од чиј автомобил се видеата кои во неделата почнаа да кружат на социјалните мрежи. Но, тие фрлија ново светло на нападот на фестивалот, каде што израелските спасувачи соопштија дека пронашле 260 убиени.



Првото видео, според временскиот код, започна во 9:23 часот наутро, неколку часа откако како што присутните изјавија за Си-ен-ен, ги слушнале првите експлозии. На видеото се гледа како милитантот прво вика, а потоа го вперува автоматот кон лице кое се засолнило покрај автомобилот. Не е јасно дали пукал предупредувачки или пукал во цивил. Човек облеан во крв е однесен од друг напаѓач. Не е познато што се случило со него потоа.

Се гледа уште едно лице како лежи на земја зад другиот автомобил. Лицето почнува да се движи кога во кадарот се појавува друг милитант. Напаѓачот притрчува, пука во лицето и си оди. Друго видео направено од автомобил, со временска ознака 12:09 часот, покажува двајца милитанти како се приближуваат до телото на друго лице.

Откако претура по џебовите, милитантот зема нешто од телото и го става во задниот џеб. Неколку минути подоцна ја грабаат жената од задниот дел од автомобилот и ја носат надвор од кадарот на камерата.

Потоа, милитантите го испразнуваат куферот од багажникот на друг автомобил, прегледувајќи ја содржината. Набргу потоа, заробената жена е видена како трча и мавта кон теренот на фестивалот додека куршуми го погодуваат тлото околу неа. Повторно се крие покрај куферот и отворениот багажник. Нејзината судбина е непозната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK