Нов случај ја потресе Македонија: уште еден малолетник сексуално злоставуван од пензионер

Нов-случај-ја-потресе-Македонија-уште-еден-малолетник-сексуално-злоставуван.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Малолетно момче во Скопје било сексуално злоставувано од страна на 78-годишен сосед, објави МВР.



„56-годишен скопјанец пријавил дека на 25 и на 30 септември врз неговиот малолетен син била извршена обљуба од нивниот сосед Д.П. (78)“, велат од полицијата.

Се додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сличен случај имаше и деновиве, кога 9-годишно девојче беше злоставувано од страна на 81-годишен маж. Од Обвинителството, за случајот, вчера објавија дека девојчето се обратило до пензионерот за услуга како негов сосед. Тој потоа, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал по телото. За мажот се бара притвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK