Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека конфликтот меѓу Хамас и Израел е во полза на Русија и дека е добро и’ доаѓа за да го одвлече светското внимание.
Дуда изјави за „Полсат њуз“ дека конфликтот на Блискиот Исток го одвлекува вниманието на меѓународната јавност од агресијата на Москва и може да резултира со нови миграциски притисоци врз Европа.
„Ова секако е во корист на Русија и руската агресија врз Украина. Оваа ситуација го одвлекува вниманието на светот. Најпрво, се плашам дека, за жал, ќе предизвика дополнителен миграциски притисок врз Европа“, рече Дуда, а пренесува „Гардијан“.
„Веројатно ќе имаме уште еден бран мигранти од Блискиот Исток. Нашата безбедност, заштитата на границите на Полска и, се разбира, границите на Европската унија и Шенген зоната сега стануваат уште поважни“, додаде тој.