СДСМ: Поминаа 2 години, градоначалниците на ДПМНЕ не направија ништо

СДСМ-Поминаа-2-години-градоначалниците-на-ДПМНЕ-не-направија-ништо.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Поминаа две години од мандатот на локалната власт на ДПМНЕ, во кои целата јавност се увери во нивната неспособност.


Над 40 градоначалници од ДПМНЕ досега не реализираа ниту еден важен, капитален проект за општините и граѓаните.

Дури ги прекинуваа наследените проекти од претходните градоначалници од СДСМ, а ако не ги прекинаа, ги претставуваат како свои.

Наместо проекти и развој тие немаат проблем да ги задолжуваат општините и да удираат по џебот на граѓаните.

Во изминатите две години ги задолжуваа граѓаните со издавање општински обврзници, ги покачуваа цените на комунланите услуги, водата, паркингот, си вдомуваа партиски кадри.

Со ДПМНЕ општините две години назадуваат наместо да напредуваат.

Градоначалниците од ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните“.

Соопштение на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK