Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека земјата е вклучена во долга и тешка војна и дека првата фаза ќе биде завршена во наредните часови.
„Првата фаза завршува во овие часови со уништување на најголемиот дел од непријателските сили кои навлегоа на нашата територија. Во исто време, започнавме офанзива и тоа ќе продолжи без резерва и без одмор – додека не се постигнат целите. Ќе ја вратиме безбедноста на граѓаните на Израел и ќе победиме“.
Нетанјаху ова го изјави по состанокот на владата.
Меѓу одлуките донесени од кабинетот за безбедност е и прекинот на снабдувањето со електрична енергија, гориво и стоки за Појасот Газа.
Израелската влада одобри уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас. Тие рекоа дека овој потег ќе ја затвори способноста и подготвеноста да се закануваат и да ги напаѓаат израелските граѓани за многу години.