Израелскиот напад на облакодер во Газа е снимен за време на телевизиска репортажа во живо. Камерите го снимија нападот додека репортерката на Ал Џезира, Јумна Ел Сајед, се јави од друга зграда во близина. Кога проектилот го погоди облакодерот, новинарката вресна и исчезнал од кадарот.
Водителот од студиото ја замоли да се тргне настрана. Тогаш можеше да се слушне како новинарката тешко дише.
Watch the moment Israeli fighter jets strike Palestine Tower behind Al Jazeera’s Youmna El Sayed as she reports live from Gaza ⤵️ pic.twitter.com/dXHVRJiCOC
— Al Jazeera English (@AJEnglish) October 7, 2023
Претходно Израел објави војна и вети огромна одмазда откако Хамас утрово изврши напад преку силно утврдената граница со Газа, истрелувајќи илјадници ракети. Се верува дека најмалку 200 Израелци се убиени, а повеќе од 1.000 се повредени.
Нападот на палестинската кула прикажан на видеото се случи неколку часа по ненадејниот напад на Хамас. Асошиетед прес објави дека 14-катната кула е дом на десетици семејства, додека Ал Џезира тврди дека во зградата се наоѓаат и канцеларии за медиуми.
Израелските воздухопловни сили во соопштение наведоа дека борбени авиони погодиле две високи згради во Газа, нагласувајќи дека во нив е сместена воената инфраструктура на Хамас.