Американскиот претседател, Џо Бајден, се обрати во јавноста по повод војната што изби помеѓу Израел и Хамас.
„Израел има право да се брани себеси и својот народ“, рече американскиот претседател Џо Бајден, коментирајќи го нападот на Хамас врз Израел.
Бајден ја потврди целосната поддршка на САД за Израел.
Tune in as I deliver remarks on the terrorist attacks in Israel. https://t.co/eKm9KtF68U
— President Biden (@POTUS) October 7, 2023
„Никогаш нема оправдување за терористичките напади и поддршката на мојата администрација за безбедноста на Израел е цврста и непоколеблива“, додаде тој.
Тој изрази загриженост дека другите милитантни групи ќе ја искористат ситуацијата, веројатно мислејќи на Хезболах во Либан.
„Дозволете ми да го објаснам ова колку што можам, ова не е време за која било непријателска страна кон Израел да ги користи овие напади за да бара предност“, вели тој.
„Ќе се погрижиме Израел да има помош и да може да продолжи да се брани“, додаде тој.
Бајден исто така рече дека илјадници ракети паднале врз израелските градови и дека Хамас убива невини луѓе.