Шефот на ОН: Треба да се избегне ширење на конфликтот меѓу Израел и Хамас

Шефот-на-ОН-Треба-да-се-избегне-ширење-на-конфликтот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска ја повика меѓународната заедница да направи дипломатски напори за да се избегне ширење на конфликтот меѓу Израел и Хамас.


Гутереш „најостро ги осуди нападите утринава на Хамас врз израелските градови во близина на Појасот Газа и централниот дел на Израел“, се вели во соопштението.

Генералниот секретар на ОН изрази „длабока загриженост за цивилното население и повика на најголема воздржаност“, беше објавено.

Бразилското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе свика итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации по најголемиот напад врз Израел во последните неколку години, а дипломати на ОН велат дека тоа ќе биде утре.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK