(Видео) Неверојатен пресврт на „Олд Трафорд“ во режија на Мектоминеј

Видео-Неверојатен-пресврт-на-„Олд-Трафорд-во-режија-на-Мектоминеј.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скот Мектоминеј ја реши драмата на „Олд Трафорд“ и спречи уште еден домашен пораз на Манчестер јунајтед. Во рамките на осмото коло, Манчестер јунајтед го победи Брентфорд со 2:1, со головите на шкотскиот ререзентативец во 93. и 97.минута.

 



Манчестер јунајтед одигра уште еден лош натпревар, му дозволи на противникот да постигне гол во 26.минута (Јенсен) и потоа комотно да ја одржува предноста. Јунајтед беше лош во првото, нешто подобар во второто полувреме, но најмногу поради кукавичката игра на Брентфорд. Гостите од Лондон, и покрај тоа што два пати опасно се заканија, во овој период од натпреварот решија да ја бранат минималната преднотс.

Клучниот момент на мечот се случи во 88.минута кога Амбрабат му го отстапи местото на Мектоминеј. Репрезентативецот на Шкотска за помалку од 10 минути постигна два гола и му ја обезбеди на Јунајтед четвртата победа во првенството.

Резултати:

Фулам-Шефилд јунајтед 3:1
Барнли-Челси 1:4
Евертон-Борнмут 3:0

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK