Попладнево на програмата беа четири натпревари од седмото коло во германската Бундес лига. Лајпциг целосно ги разочара своите навивачи, на домашен терен ремизираше со Бохум без голови, а избраниците на Марко Роузе промашија два пенали. Дербито се одигра на „Сигнал Идуна Парк“, каде Борусија Дортмунд како домаќин во возбудлив дуел го победи Унион Берлин со 4:2 (1:2).
Во Дортмунд, Борусија беше подобра од Берлин Унион со 4:2, а до триумфот стигна со пресврт, иако поведе уште во седмата минута со голот на Никлас Филкриг.
Две минути подоцна Робин Госенс го израмни резултатот, во 18. минута беше поништен голот на Крал. Во 31. минута Леандро Бонучи му донесе водство на својот тим од пенал.
Второто полувреме целосно им припадна на „милионерите“ кои со двата гола на Шлотербек и Брант во интервал од само пет минути го свртеа резултатот, додека Рајерсон го постави конечниот резултат 4:2.
Бохум изненадувачки остана непоразен во Лајпциг. Домашните фудбалери промашија два пенали, прво Симонс во 27. минута, а потоа Форсберг во 61. минута од натпреварот.
Штутгарт на крилјата на напаѓачот Серху Жираси го продолжи стартот од сништата. Жираси постигна хет-трик во победата над Волфсбург 3.1 „Швабите“ имаат шест победи од стартот на сезоната и се наоѓаат на третото место.
Дармштад победи со 2:1 во Аугсбург со головите на Скарке во 52. минута и Кемпе од пенал во 70. минута, додека Демировиќ во 86. минута од натпреварот го постигна утешниот гол за домашните.