Фудбалерите на Интер и Болоња одиграа без победник (2:2) во натпреварот од осмото коло на Серија А.
Интер, втор пат по ред не успеа да победи на „Џузепе Меаца“ во Серија. Во претходното коло, Сасуоло го победи Интер.
Почетокот на натпреварот не навестуваше како ќе заврши. Интер експресно дојде до предност од два гола.
Најпрво Ачерби ја затресе мрежата на гостите во 11. минута, а две минути подоцна погоди и Лаутаро Мартинез. За Аргентинецот тоа беше 10. гол сезонава во првенството.
https://topsport.mk/wp-content/uploads/2023/10/m2-res_720p.mp4
Предноста беше преполовена веќе во 19. минута кога Орсолини беше прецизен од белата точка, а на стартот од вториот дел, момчето на Баерн Џошуа Зиркзе необјасниво остана сам на работ од шеснаесетникот и израмни.
Во следното коло Интер е домаќин на Торино, додека Болоња ќе биде домаќин на Фросиноне.