Хамас држи израелски цивили и војници како заложници во Појасот Газа

Хамас-држи-израелски-цивили-и-војници-како-заложници-во-Појасот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Околу 50 израелски заложници држат Хамас во близина на границата со Газа, објави израелскиот канал N12, а сега тоа го потврди и израелската армија.



Портпаролот на армијата рече дека се точни информациите дека Хамас држи заложници во Газа. Станува збор за израелски цивили и војници. Сепак, тој не кажа за колку Израелци станува збор.

Додаде дека меѓу израелските одбранбени сили има загинати, но се’ уште ја немаат точната бројка.

Израелските власти ги демантираат информациите дека меѓу заложниците е и израелски генерал, додека заменик лидерот на Хамас, Салех тврди дека се заробени високи офицери на израелската армија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK